Онлајн ДРАГ ШОУ: Берлин – Скопје – Белград | Skopje Pride Weekend 2020

Онлајн ДРАГ ШОУ: Берлин – Скопје – Белград | Skopje Pride Weekend 2020

08 септември (вторник)

21:00 ч.

Онлајн ДРАГ ШОУ: Берлин – Скопје – Белград

Онлајн пренос на facebook страната на Skopje Pride Weekend

Затворена забава со ДиЏеј сет на Ивана Драгшиќ

Супкултурен центар SHORTBUS и online stream на facebook страната на Skopje Pride Weekend

ПЕНСИ е уметничкиот и интернет-лик на Паркер Тилгман, уметник со адреса на живеење и работа во Берлин. Иако има дипломирано на Колеџот за уметности во Калифорнија, верува дека подобро функционира во финансиски достапни ноќни клубови, фестивали, јавни институции за уметност и отворени образовни средини, наместо во комерцијални галерии. Дрегот го перципира како алатка на општествената правда и се фокусира на промоција на телата и гласовите на другите женски, транс и не-бинарно идентификувани уметници. Комедијата ја комбинира со кампот со цел обработка на теми поврзани со ХИВ, белечката доминација, мизогинијата, менталното здравје и сексуалното насилство. Верува дека создавањето на радоста е од суштинско значење за да се преживее во овој свет. ПЕНСИ настапува насекаде низ Европа, Австралија, Америка, Јужна Кореја и Јапонија. Во последните пет години го води меѓународно познатато дрег шоу House of Presents, вторник навечер во барот „Monster Ronson’s“ во Берлин. Исто така, организира дискусии на тема сексуално здравје и одговорно користење дрога во соработка со Praxis Cordes и Berliner Aids-hilfe во Германија, Австрија и Швајцарија. Од 2015 до 2017 година е основач и директор на музичкиот фестивал YO! SISSY, дводневен фестивал во Берлин на кој имаат можност да учествуваат локални и познати квир уметници. Има одржувано работилници и перформанси на фестивалот „Руртриенале“ во Бохум, театарот „Кампнагел“ во Хамбург и „Фолксбине“ во Берлин. За делата на ПЕНСИ имаат пишувано весниците „Гардијан“, „Шпигел“, „Тагесшпигел“, „Берлинер цајтунг“, списанието „СПЕХ“ и други. Верува дека соработката е клуч за иднината на одржливата уметничка практика. Мораме да се соединиме… и притоа да се изжуркаме.

Мартини доаѓа од вагина. Карипска вагина којашто ти овозможува да погледнеш отаде превезот на светот. Мартиник. Помеѓу грациозност и активизам, ова е изведувачка којашто знае да ја почувствува просторијата и да смени атмосферата со бесрамна леснотија. На Мартини не и е гајле, а вие ќе уживате да се справите со тоа.  Очекувајте сè и сешто.

Неверојатната, Слатка, Акинос (The Incredible, Edible, Akynos) – Нејзиниот  tagline е „Ѕверот„. Таа е меѓународно позната ѕвезда на бурлеската и застапник за правата на сексуалните работници. Има настапувано во Европа, Канада, Карибите, Австралија и САД. 4ft 11″ dynamo, таа е бескомпромисна црна стриптизета којашто World Famous Bob ја нарече “дефиниција за затворање на шоу”, и е решителна во рушењето на патријархатот. Со брзи танцови движења и 45-инчен задник, оваа забавувачка родена на Карибите е исто така позната и по својата незаборавна коса и групните настапи инспирирани од Црнечката танцова традиција. Како дванаесет годишен ветеран на танцовата сцена на бурлеската таа е исто така застапник за правата на сексуалните работници, и имала свои обраќања на  престижни универзитети во САД.

Haus of KayGie е дрег колектив од Србија кој ја поддржува дрег уметноста, модата на Club Kids и квир културата преку организирање на нови и постојни дрег настапи и градење на новата балска сцена (Ball Culture) во Белград и Нови Сад. Додека на копно создаваат квир приказни, кралиците од КејГи се свртија кон дигиталното во потрага по „нова нормална“ среќа. На дигиталното мени од КејГи:

Од пеколот и процеп (од газ), мајката на куќата Карма Гедонија (Karma Geddonia)
Не-човек, сè уште не вонземјанин Златниот глобус (Golden Orb)
Најнајпознатата од сите Дита Вон Бил (Dita Von Bill)
Оревокршачката комичар и инспирација г-ѓа Лили Кафе (Mrs. Lilly Café

Вера Вендета – твојата слатка одмазда, е омилена клупска икона во Скопје која од настапи како ДиЏеј до перформанси ги воведе маските пред г-ѓица Рона. маската ја тргнува само кога сака да каже нешто важно, и верувајте ми. никогаш нема да заборавите што кажала. произлезена од неправдини, сега се бори за правда, огнот ѝ е најдобриот пријател. изиграјте ја и ќе ве претвори во пепел. Вера Вендета од неодамна повеќе се насочи на музиката и пуштање музика. Додека пушта музика, сетот го визуализира како голем моден настан. кога пушта музика како ДиЏеј, нејзиното присуство на дрег кралица создава форма на политички отпор за борба против патријархатот и сексизмот со тоа што одбира сет сочинет од многу машка музика со траги на женственост.

Токио де Вил е дрег изведувач од Скопје. Тој е член на нов Haus кој е во развој. Неговиот дрег е со политичка склоност, преку своите изведби изразува револт кој е резултат на угнетувањата на LGBTQ+ заедницата. Кога изведува бурлеска, многумина го сметаат за заводлив и еротски чин, но тоа за него претставува либерализација на женскиот идеал и род како социјален конструкт.

Ивана Драгшиќ е одгледана на танц подиумите-во-настанок во Скопје. Емоционално врзана за визијата на Summer of love и екстази еуфоријата, пловејќи низ хетеро-патријархалната рамка на модерното општество и култура, таа е исклучително сериозна кога станува збор за музиката која доаѓа од маргиналните заедници на отпор. Таа секогаш настојува да ја претстави интерсекционалноста на техно и танц културата во нејзините ДиЏеј- и радио-сетови. Ивана непретенциозно го бараше и го пронајде своето место во клубовите низ годините, главно обраќајќи се на квир-публиката, иако секогаш со задоволство ги размрдува сите тела. Одовде, нејзините ДиЏеј-сетови се состојат од свеж electro-break, acid afro, хип хоп и house траки, честопати измиксани со неодредени жанрови на електронска музика. Ивана зазема посебно место на сцената како млада девојка која се вмеша во машката работа на диџејство и водење радио емисии.