My Last American Dollar – Keijaun Thomas | Skopje Pride Weekend 2020

My Last American Dollar – Keijaun Thomas | Skopje Pride Weekend 2020

03 септември (четврток)
21:00 ч.

Музеј на современа уметност

Мојот последен американски долар (My Last American Dollar)

Кијун Томас (Keijaun Thomas)

Во фасцинантното соло дело „Мојот последен американски долар: Прва рунда. Фрлање и превртување на парички: Удирање на доларите, Втора рунда. Црни ангели во полето: Педерска пот, Трета рунда. Што ќе правиш: Чудесен како чудо“ (”My Last American Dollar: Round 1. Tricking and Flipping Coins: Making Dollars Hit, Round 2. Black Angels in the Infield: Dripping Faggot Sweat, Round 3. Whatchu Gonna Do: Marvelous like Marva”), Томас го истражува и отелотворува отпорот со прашањето: „Како да му одолееме на искушението, како да го забавиме темпото, како да играме, како да преживееме“? Томас поставува мултимедијална инсталација со комбинација на структурални фрагменти на средини што се поврзуваат со труд, ритуал и гостопримство како што се машки соблекувални, стриптиз клубови, чекалници, црковни клупи. Истражувајќи ги формите преку кои луѓето со црна и кафеава боја на кожата го зафаќаат просторот еден за друг, Томас прашува: како да се носиш со сложената ситуација кога си млад, надарен и црн?

Во „Мојот последен американски долар“ Томас гради „чекалница“ во една соба. Црквените клупи се трансформираат во место од кое публиката ја гледа и неа и себеси. „Понекогаш јас сум таа, јас сум вашата танчарка. Потта што ми тече по грбот е вашата света вода, нашата соблекувална. Говорот ми е сличен на оној во спортска соблекувална“.

Преку моќната обработка на испреплетените истории на трудот, покорувањето и отпорот, Томас нагласува колку е сложено да се носат толку многу страни. Во извадок од „Втора рунда. Црни ангели во полето: Педерска пот“, таа изјавува:
„Комплицирано е. Нејасно. Втемелено и оттемелено во историјата на мојот народ. Мојот народ е црнечкиот народ. Тешко е, споено за ’рбетот, поврзано за трансатлантската трговија со робови, во крвта ми е, бојата на моето гомно во тоалетната школка, мирисот на гомната на моите предци гниени со недели, се распаѓаат на нивните оковани тела. Сосема е јасно. Сино како водата, тешко како 1.000 црнечки тела фрлени во океанот. Темно е. Толку карактеристично. Се чувствува единствено како фантомски болки, исчезнати алки, изложени пиедестали. Вредноста на трупецот за аукција, цената на кафето што го пиете, шеќерот и листовите чај. Кафето, шеќерот и листовите чај. Непростено е, не се зборува тоа. Неверојатно и замисливо. Силно жолто, црвена коска, карамела, чоколадо. Толку црно, сино е. Толку црно, сино е. Толку ебено настрано, јасно е, толку настрано, одвоено и оставено за педерите кои никогаш не можат да бидат црнци. Одвоено и оставено за педерите кои никогаш не можат да бидат црнци. Кршливо, нежно како памук и плетенки коса. Отворено како раните на грбот на робовите. Грбот на моите предци. Сè што сум знаела и на што сум се противела. Сè што сум знаела и на што сум се противела. Секое парче ткаенина и хартија во различна боја со нумеричка вредност. Моите дланки, рацете на татко ми, рацете на брат ми, рацете на сестра ми, рацете на тетка ми, рацете на братучедите, рацете на моите деца. Толку е… комплицирано“.

Кијун Томас е уметничка која живее и работи во Њујорк. Таа е добитничка на Фондот „Френклин Франс“ за 2018 година. Во својата работа со перформансот, мултмедијалните инсталации и поезијата го истражува трудот на црните фемки во разни околности, како што е домашната работа, фризерство до атлетско тренирање и егзотични танци. Во своите перформанси комбинира рапсодични слоеви на глас снимен во живо, а посветите на песните се различни и во нив го истражува задоволството и притисокот од зависноста, грижата и поддршката. Томас ја истакнува истрајноста и интимноста на негата од оние што се очекува да ја овозможат – претежно црни жени, црни фемки и луѓе со обоена кожа. Цели кон тоа да изгради мостови на разбирање, заедница и грижа преку своите дела. Нејзините дела се насочени кон себе/заедничка грижа во реално време и создавање на побезбедни простори кои ќе ги преобмислат, преработат и отсликуваат црните и луѓето со обоена кожа.
Дипломира на Школата за визуелни уметности, а се стекнува со магистерска титула на Школата на Уметничкиот институт во Чикаго. Своите дела ги претставува национално и меѓународно во Музејот „Брод“, Стејшн музејот за современа уметност, Новиот музеј за современа уметност, Перформанс простор во Њујорк, Перформанс простор во ОК, МАИ (Монтреал, интеркултурна уметност), Вригвуд 659, Арнолфини ОК, Човекови ресурси во Лос Анџелес, Уметничкиот центар „Хајд Парк“, Центарот „Нокдаун“, Центарот за современа култура на Мексико, Универзитетот Станфорд, Универзитетот Харвард и Театарот „Де ла Вил“, како и Меѓународниот фестивал за перформанси „Рапид палс“, Патувачкиот фестивал за уметноста на перформансот, Квир уметничкиот фестивал, Уметничкиот фестивал „Тајм бејзд“, Фестивалот „Рубарб“, Фестивалот „Фирс“, Перформаторум 5, Енкуентро – Хемисферичен институт за перформанс и политики и АНТИ – Современ уметнички фестивал на кој била номинирана за Меѓународната награда за жива уметност. Томас гостува како уметник-резидент во Студијата СПЕЈС, Школата за уметност „Окс Бау“, Уметничката резиденција „Пауза и афект“, Перформанс просторот во ОК, Резиденцијата АКРЕ и Уметничката резиденција „Лабораторија за креативна размена“.