Групна изложба: СКРШЕНО | Skopje Pride Weekend 2020

Групна изложба: СКРШЕНО | Skopje Pride Weekend 2020

02 септември (среда)
20:30 ч.
Музеј на современа уметност

Групна изложба: СКРШЕНО

Куратор: Славчо Димитров

Уметници: Феликс Гонзалез-Торес (Felix Gonzalez-Torres), Полин Бодри и Ренате Лоренц (Pauline Boudry / Renate Lorenz), Христина Иваноска(Hristina Ivanoska), Карин Мичалски (Karin Michalski), Федерика Даури и Хермес Питакос (Federica Dauri / Hermes Pittakos), и Велимир Жерновски (Velimir Zernovski)

Во услови на сѐ поголемата закана од неолиберализмот, како и националистичките, хетеронормативни и маскулинистички/фалоцентрични идеали на единство, чистота, целосност, едноликост, успех и совршенство, СКРШЕНО се обидува да понуди квир перспектива втемелена врз претставата дека сме скршени на фундаментален и специфичен начин, и дека токму таа скршеност нуди можност за алтернативни политички хоризонти.
Со изложбата сакаме да го истражиме концептот на скршеноста како одлучувачка позиција во рамките на поширокиот кураторски субјект за суровиот оптимизам на Фестивалот од четири клучни перспективи: 1) Скршеноста како конститутивна социо-политичка онтологија на отелотворениот субјект; 2) Скршеноста како рефлексија на нееднаквата дистрибуција на искуството и социјалното условување да се биде скршен од страна на разни апарати на нееднаквост, експлоатација и угнетување, каде што ваквиот примарен онтолошки и конститутивен човеков услов различно влијае врз разни популации, како што се квир, жените, расните малцинства и прекаријатните општествени класи, додека притоа се одржува фантазијата за добриот живот и оптимизмот во хегемонските, нормативни и насилни институции и политичката рационалност; 3) Скршeноста како формите на полусуверени и колективни чинови и практики на прекин со вложувањето и односите на приврзaност обележани како суров оптимизам, вклучувајќи ги и алтернативните стратегии за навигирање на ќор-сокаците во кои живееме и смислувањето на нови објекти и места на желби, нови релационости, отелотворувања, афективно вложување и светообразувачки проекти; и 4) Скршeноста како концепт преку кој се негуваат нови инвентари за обмислување и практики на воспоставување на заедницата и политичкото.