ОГЛАС ЗА ПСИХОТЕРАПЕВТ

ОГЛАС ЗА ПСИХОТЕРАПЕВТ

Во рамките на проектот: Психо-социјална помош на трансродовите лица за време на КОВИД 19, ТрансФормА – Иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица во Македонија (која работи со административна и техничка поддршка на Коалиција Маргини), има потреба од шестмесечно хонорарно ангажирање на психолог.

 

Опис на работни задачи и одговорности:

Прави проценка на состојбата во која се наоѓаат корисниците;

Прави советување и помага во надминување на ситуациите со кои се соочуваат корисниците;

Ги следи сите фактори кои влијаат врз корисниците одделно и како заедница, особено во време на задравствената криза од КОВИД 19;

Одржува редовна комуникација согласно сите важечки протоколи за работа за време на КОВИД 19

 

Потребни квалификации:

Диплома за завршено четиригодишно високо образование (т.н „стара програма”) или диплома со стекнати 180 кредити согласно ЕКТС – психологија;

Искуство во работење со трансродови луѓе;

Работно искуство во областа на заштитата на човековите права

(пр. советување,информирање и работа со граѓани, граѓански активизам, едукација или истражување);

Искуство во работење или комуникација други маргинализирани заедници (ЛГБТИ, сексуални работници, луѓе кои живеат со ХИВ, луѓе кои користат дроги итн.)

 

 

Како предност ќе се смета:

Завршени постдипломски студии;

Искуство во областа на психолошко советување и заштита;

 

Рок и потребни документи за аплицирање:

Заинтересираните кандидати за работната позиција потребно е да достави кратка биографија (CV) на македонски јазик. Во кратката биографијa потребно е да бидат наведени референци и контакт податоци во однос на работното искуство.

Апликациите се доставуваат на следната електронска адреса: koalicijaszpmz@gmail.com, најдоцна до 05.8.2020, до 16 часот. При доставувањето на апликациите потребно е да се наведе работната позиција.

 

Постапка за избор на кандидат/ка:

Комисијата за избор на кандидат/ка ќе ги разгледа примените апликации. Ненавремените и нецелосните апликации нема да бидат земени предвид. Комисијата ќе изработи ранг листа од примените апликации во зависност од степенот на исполнување на квалификациите опишани во овој оглас, а потенцијалните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

 

Договор за хонорарен ангажман:

Со избраниот/та кандидат/ка Коалиција МАРГИНИ ќе склучи договор за привремен ангажман за хонорарна работа во траење од пет месеци. Взаемните права и обврски во договорот ќе бидат уредени во согласност со Законот за работните односи и внатрешните акти на организацијата. За ангажманот е предвиден хонорар од 10.000,00 денари месечно во бруто износ.