Помош и поддршка на трансродовите лица погодени од кризата предизвикана од COVID-19

Помош и поддршка на трансродовите лица погодени од кризата предизвикана од COVID-19

ТрансФормА – Иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица (со административна и техничка поддршка на Коалиција „Маргини“) во период од 01.07.2020 – 31.12.2020 ќе спроведе низа на активности за помош и поддршка на трансродовите лица погодени од кризата предизвикана од COVID-19, а поддржани од буџетот на Република Северна Македонија. Проектот се однесува на делење хуманитарни пакети, лекови  и средтства за дезинфекција, помош и поддршка во остварувањата на социјалните права  како и психолошка поддршка за трансродовите лица во наредните 6 месеци.