Ирак:„Убиваат луѓе како нас“

Ирак:„Убиваат луѓе како нас“

Багдад – Генерално насилството во Багдад е во опаѓање, но не и за една малцинска група. Геј популацијата е на мета на вооружени групи во бранот на убиства во текот на минатиот месец, во која беа убиени 25 млади мажи.

„Знаат дека сум геј. Не знам дали ќе бидам убиен, тоа зависи само од Бог“ – вели Moyad, 38-годишен жител на Багдад кој не сакаше да открие своето презиме поради тоа што е загрижен за својата безбедност.

Видно исплашен, тој вели дека дека има многу пријатели кои биле садистички измачувани, некои дури и убиени. „Една од методите на тортура се и ставање лепило во анусите, некои болници одбиваат да ги третираат. Дали ова е војна против хомосексуалците?“ – прашува тој.


Меѓународен бес

Поголемиот број од насилствата се случуваат во шиитските делови од Багдад, а многумина веруваат дека верските лидери ги искористуваат петочните проповеди како платоформа за иницирање на омраза и насилство над хомосексуалците. Телата на три геј мажи беа пронајдени во Sadr City на кои стоело лист хартија на која бил напишан зборот „перверзен“.

Постери и летки со наредбата „ Исчистете го Багдад од криминалот на хомосексуалноста“ биле дистрибуирани во делови од Багдад како al-Shola, al-Hurya и Sadr City.

Во писмо до ирачкиот претседател Nouri al-Maliki во април, Amnesty International  повика на итна и конкретна акција за стопирање на убивањето на луѓе поради нивната сексуална ориентација, исто така, и изрази загриженост заради науспехот  на ирачката влада јавно да ги осуди
убиствата. Порпаролот на Amnesty International  рече дека досега не добиле одговор од ирачките власти.

Кампања на втерување страв

Moyad го опиша последниот поход на насилиците во кој млади луѓе биле мачени и застрелани: „Одредено време не излегував од дома, исто така имав чувство дека секој момент ќе пробијат во мојот дом за да ме фатат.“

Noor, 24 годишна лезбејка која исто така побара да биде анонимна, вели дека е лесно да ја затскрива својата сексуалност, но дека сепак е исплашена од можноста да биде откриена – особено поради фактот што дел од нејзините пријателки биле убиени од вооружените групи.
 
Moyad верува дека повеќето луѓе се убиени од страна на своите семејства во обид да ја зачуваат своата чест. „Мојот пријател Ahmed беше убиен од неговото семејство затоа што наликувал на девојка. На семејствата им се вели да ги убијат своите геј деца, инаку вооружените групи ќе дојдат да ги убијат. Очекувам дека мојот сопствен брат може да ги наведе тие лица да ме убијат.“

Чувство на паника

Ali Hili е ирачки геј кој побегнал во Лондон и ја основал организацијата Iraqi LGBT која е со седиште во Велика Британија и се бори за човековите права на ирачките лезбејки, гејеви, бисексуалци и трансродови луѓе.

Hili вели дека постои паника помеѓу младината поради стравот од насилство врз секој оној за кој се сомневаат дека е феминизиран, има хомосексуално минато, кој се облекува модерно или пак има модерна фризура. Тој вели дека бројот на насилствата се повеќе се зголемува и дека биле испратени смртни налози кон одредени индивидуи.