Дали жените од Шуто Оризари повторно ќе останат без матичен гинеколог?

Дали жените од Шуто Оризари повторно ќе останат без матичен гинеколог?

На 22.01.2020 година пред ординацијата на Д-р Вјолце Мбјара затекнавме известување дека ординацијата е преселена во друга општина, во населбата Сингелиќ. Ординацијата на Д-р Вјолце во Шуто Оризари моментално е затворена.

Го прашуваме министерот за здравство, г-динот Венко Филипче, дали има предвидено решение за овој горлив проблем? Дали е склучен нов договор со друг гинеколог кој што ќе работи во самата општина? Доколку нема, предупредуваме за несаканите последици врз репродуктивното здравје на жените Ромки. Исто така потсетуваме дека доенечката смртност кај ромската популација е значително повисока во однос на неромското население.
Ние, жените од Шуто Оризари, апелираме до надлежните институции – Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија да изнајдат решение со цел да се надмине овој долгогодишен проблем.
Како и сите жени, така и ние, жените Ромки, имаме право на еднаков и непречен пристап до услуги за репродуктивно здравје.