12 совети за побезбедно журкање за Нова Година

12 совети за побезбедно журкање за Нова Година

Намалување на штетите е нешто кое треба да го практикуваме во текот на целата година. Тоа значи да научиме нови начини како ние и нашите пријатели да останеме безбедни. Подразбира зборови, животни трикови и владини политики кои помагаат да се намали стигмата, ризиците и штетите кои следуваат по потенцијално ризичните однесувања како журкањето или имањето секс. Намалување на штетите значи внимавање на нашата добросостојба и вложување во создавање на здрава и безбедна заедница за сите нас.

Во пресрет на една од најголемите забави во годината, тимот на Bass Coast дава совети за побезбедно журкање.

15:00: Подготви се

Расмисли што ќе ти треба за да не ја започнеш 2020 грижејќи се дека треба да менуваш лична карта и да го бараш телефонот. Клучеви, кеш, лична карта (складирани на безбедно, со патент), средства за безбеден секс, шише вода, наполнет телефон, удобни чевли и топол капут се базични нешта за добро излегување.

16:00: Истражи

Ние не ја промовираме или осудуваме употребата на супстанци. Но, знаеме дека некои луѓе се уживатели, и покрај ризиците. Знаењето е моќ. Колку повеќе знаете за тоа што правите вие и вашите пријатели, толку подобро сте опремени да се справите со предизвикувачки ситуации. Алкохол, лекови на рецепт или рекреативни дроги, тутун – НЕ ПОСТОИ УПОТРЕБА НА СУПСТАНЦИ БЕЗ РИЗИК.

17:00: Научи како да препознаеш предозираност

Треба да внимаваме едни на други. Дури и луѓето кои не користат алкохол или дроги треба да можат да препознаат кога нешто не е во ред. Без разлика на кој настан си, корисно е да бидеш свесен како изгледа предозирањето.

Некои знаци на предозирање со опиоиди се:

Буден, но не може да зборува

Бавно дишење

Модри усни или нокти

Рапаво дишење

Звуци на давење

Повраќање

Бледо лице

Млитаво тело

Ако наидеш на лице со кој било од овие симптоми, јави се на 194.

18:00: Јади

Стави храна во стомакот. Ако се журкаш со празен стомак, на полноќ нема да се чувствуваш најдобро.

19:00: Хидрирај се

Ако цела вечер танцуваш или се потиш на некој афтер, осигурај се дека со себе имаш шише вода. Ако организираш настан, понуди бесплатна вода на шанкот. Ако во шишето има и друго освен вода, направи тоа да биде очигледно така што ќе ја обоиш течноста со боја за храна, ќе запишеш на самото шише и ќе им кажеш на луѓето што има во шишето ако побараат пијалок.

Прави паузи од танцување и разладувај се во текот на ноќта така што ќе пиеш вода и ќе мочаш редовно.

20:00: Заштити си го слухот

Ао одиш на настан со гласна музика, уште сега стави си чепови за уши во ташната или џебот.

22:00: Биди присутен во моментот

Погледни околу себе. Можеби си на концерт, домашна журка или рејв. Кажи им на другарите дека ги сакаш и биди и лигав ако се чувствуваш така. Подиумите се најзабавни кога ги делиме со најразлични тела и секакви ликови и колички и кралици и дедовци, стари и нови пријатели и непознати, каде сите се чувствуваат безбедно и почитувано. Размисли да се застапуваш за вакви места и моменти низ целата година. Остави го подиумот во подобра состојба од онаа во која си го нашол, собери си го ѓубрето, биди фин со вработените (ако можеш остави бакшиш), биди опуштен во просторот за пушење и замини си мирен.

23:00: Биди трпелив

Не оставањето време супстанцата да има ефект е вообичаен фактор во хитните медицински случаи. Некои луѓе не го чувствуваат ефектот веднаш и потоа земаат уште, што може да резултира од благи до сериозни медицински компликации или предозирање. Многу варијабли влијаат колку брзо ќе ги почувствуваш ефектите од нешто, вклучително и трасата во твоето тело, храната во стомакот и се’ друго во твојот систем.

00:00: Почитувај ги границите на луѓето

Уште е во мода да се бакнуваме на полноќ? Ако го правиш тоа, биди сигурен дека има согласност. Почитувај ги границите на луѓето. Ако забележиш дека некој е манијак, извести го персоналот или искористи една од овие практични интервенциски стратегии. Засрамувањето некого за неговото тело или промискуитетност не се добредојдени никаде. Ако организираш настан, научи како да создадеш простор каде жените, феминизираните, транс и небинарните луѓе се безбедни и почитувани.

01:00: Не оставај некој да преспие

Не секое предозирање се случува наеднаш. Понекогаш тоа се случува во текот на неколку часови, додека нечие тело полека се исклучува и дишењето станува потешко или додека супстанците ги отежнуваат нормалните функции на телото. Ако некој е во навистина лоша состојба, не е најбезбедно да гo легнеш во кревет. Ако имаш причина да мислиш дека некој е во критична состојба, јави се на 194. Не е нелегално да бидеш под дејство на дроги и секогаш е подобро да се биде на страната на претпазливост.

Ако си загрижен за некого, но не е хитен случај, легни го на страна и направи да му биде удобно во простор каде некој ќе внимава на него.

2:00: Врати се дома безбедно

НЕМОЈ  ДА ВОЗИШ додека си под дејство на било што. Обиди се да избегнуваш ситуации во кои ќе ставиш некого во такси и ќе се надеваш на најдоброто – поделете го таксито, дури и да не одите во истата насока. Вечерта навистина завршила дури кога сите ќе стигнат до финалната дестинација и ќе испратат порака „Стигнав! <3“.

 03:00 и подоцна: Внимавај на себе

Напиј се вода, јади нешто, наспиј се. Опколи се со нешта што прават да се чувствуваш безбедно. Направи планови за утре со книга, уметност, природа или некој што го сакаш.

Извор