Календар 2020 – Коалиција МАРГИНИ

Календар 2020 – Коалиција МАРГИНИ

Календарот е достапен за превземање на следниот [ЛИНК]

Коалиција МАРГИНИ и оваа година со гордост ја продолжува праксата на промоција на квир и феминистичка уметност.

Календарот 2020 е колекција на репродукции на уметнички дела од наши уметници, а кои се занимаваат со прашањата кои се фокус на Коалицијата. За нас е исклучително важно, во еден ваков популарен медиум, да се испромовираат сериозни и квалитетни уметнички содржини, и на тој начин, да ја вметнеме културно-уметничката продукција и пракса како еднакво важно и моќно средство за политичка борба, отпор, и општествена трансформација.

Ние сме особено горди и благодарни на уметниците кои ги отстапија своите дела:

Христина Иваноска
Велимир Жерновски
Зорица Зафировска
Јана Јакимовска
Ѓорѓе Јовановиќ
Самир Љума

* Календарот 2020 на Коалиција Маргини е реализиран со несебичната поддршка на Фондација Отворено општество – Македонија *