Нови гледишта во истражувањето на истополовото однесување кај животните

Нови гледишта во истражувањето на истополовото однесување кај животните

Машките штурци изведуваат песни и танци за парење едни за други. Женските јапонски макаи мајмуни се спаруваат во привремени, но ексклузивни сексуални партнерства. Парови машки ракчиња повремено се впуштаат во маратонски сексуални сесии.

Слични комбинации може да се најдат и кај инсектите, лигњите, змиите, пингвините и говедата. Всушност, кај повеќе од 1.500 видови од главните фамилии на животни е забележана сексуална активност со единки од ист пол. Но, потеклото на ваквото истополово сексуално однесување веќе долго време ги збунува еволутивните биолози. Како е возможно ваквото однесување да еволуира и да опстојува во толку многу потомства, дури и кога директно не придонесува кон размножувањето?

Можеби ова не е вистинското прашање, расправа една група истражувачи во студијата објавена минатата недела во Nature Ecology and Evolution, во обид да ги преиспитаат основните претпоставки на еден цел сегмент од биологијата.

„Постоеше претпоставка дека истополовото сексуално однесување независно еволуирало кај различни видови, наспроти стандардната позадина на хетеросексуалниот секс“, вели Амбика Камат, истражувачка на Универзитетот во Калифорнија, Беркли и коавторка на студијата. „Она за кое разговараме е дека оваа основа не е нужно правилната основа.“

Наместо тоа, истражувачите сугерираат дека истополовото однесување е врзано во самото потекло на животинскиот секс. Не значи дека постојано се развивало: едноставно постоело отсекогаш.

Еволутивните биолози долго ги проучуваа истополовите однесувања, честопати опишувајќи ги како „Дарвински парадокс“. Пол Васеј, експерт за незачнувачка сексуалност на Универзитетот Летбриџ во Алберта, кој не учествувал во студијата, вели дека едно учење тврди дека таквите однесувања не се првенствено сексуални, туку се однесуваат на доминација или негување.

Други истражувачи сугерираат дека ова постои кај некои видови затоа што им помага на социјалните животни да одржуваат заедници, вели Макс Ламберт, биолог од Беркли и коавтор на студијата. Сепак, други сугерираат дека примерите на истополово однесување се „вежба“ за репродуктивен секс, па дури и случаи на помешан идентитет. Повеќето се согласуваат дека мора да има некаква еволутивна корист за да се надомести претпоставената цена од нерепродуктивно сексуално однесување.

Ниту едно од овие објаснувања не ја задоволува Јулија Монк, докторандка на Јеил и главна авторка на студијата.

„Идејата дека истополовото сексуално однесување воопшто треба да се оправдува, повеќе изгледа како перспектива на доминантни културни норми, отколку како холистички поглед на биологијата“, рече таа. „Навистина не се согласувам со некои точки кои ја врамуваат оваа дискусија“.

Наместо да се прашуваат зошто истополовото однесување независно еволуирало кај толку многу видови, г-а Монк и нејзините колеги сугерираат дека можеби е присутно во најстарите делови на семејното дрво на животните. Најраните животни што сексуално се репродуцирале можеби се пареле со која било единка со која се среќавале, без оглед на полот. Ваквите стратегии за репродукција се’ уште ги практикуваат хермафродитските видови, како полжавите, и видовите кои не разликуваат, како морските ежови.

Со текот на времето, објаснува г-ѓа Монк, сексуалните сигнали еволуирале – различни големини, бои, анатомски карактеристики и однесувања – овозможувајќи им на различните полови попрецизно да се насочат едни кон други за репродукција. Но, истополовото однесување продолжило кај некои организми, што доведува до разновидни сексуални однесувања и стратегии низ животниското царство. И додека истополовото однесување може да даде некои еволутивни придобивки, античкото потекло би значело дека тие придобивки не биле потребни за да постои.

Но, како се одржало истополовото однесување? Одговорот може да биде дека таквите однесувања не се толку еволутивно скапи како што се претпоставуваше. Традиционално, вели г-ѓа Монк, секое однесување при парење што не произведува млади се смета за отпад. Но, однесувањето на животните често не одговара соодветно на економско пресметување на трошоците и придобивките.

Обидите за парење меѓу различните полови не секогаш ефикасно водат до потомство, вели д-р Камат – обидите за парење може да бидат отфрлени, зачнувањето може да не се случи, и младите може да не преживеат. Ова се вообичаени прескокнувања во репродукцијата на ниво на популацијата, а тимот предвидува дека не постои веројатност цената на истополовото однесување да биде поголема.

„Мислам дека не е неразумно да се претпостави дека во некоја рана фаза на еволуцијата на животните парењето било помалку дискриминирачко и дека ова е дел од еволутивното наследство на повисоките животни“, изјавува д-р Васеј за студијата. „Повременото истополово сексуално однесување не е особено тешко да се прилагоди во рамките на еволуцијата кога таквото однесување се извршува во поголем контекст на сексуално однесување со различен пол“.

Проблем со минатите истражувања во областа, вели д-р Ламберт, е дека неистражените културни проекции – главно од белите хетеросексуални мажи кои доминираат во оваа област – резултирале во тоа што многу истражувачи не успеаја точно да документираат што гледаат.

Ни’ недостасуваат многу набљудувања на сексуално однесување затоа што луѓето кои ги гледале мислеле дека станува збор за абнормалност, заснована врз однапред замислен начин како треба да функционира светот“, вели д-р Ламберт.

Додека културните идеи можат да влијаат врз нашите забелешки за биологијата, вели д-р Камат, биологијата нужно не ни’ кажува ништо јасно за културата. Тимот беше внимателен да не повлекува експлицитни врски до аспекти на човековата култура, вклучително и L.G.B.T.Q. заедницата.

„Ние не сакаме нашата работа да се искористи на штетen начин и да дадовме се’ од себе за да го избегнеме тоа, така што сами го изградивме текстот“, вели таа.

Г-а Монк и нејзините колеги велат дека експлицитното превртување на културните претпоставки – во случајов со спроведување на студијата со истражувачи кои се идентификуваат како квир, и внесувањето надворешни дисциплини како што се општествените науки – можат да дадат подобро истражување.

„За нас како научници е важно да прифатиме дека иако сакаме да размислуваме за она што го работиме како нешто објективно, можеби е навистина врамено од нашата култура и контекст“, вели г-ѓа Монк.

Остануваат уште многу прашања да се одговорат, а тимот се надева дека студијата ќе инспирира повеќе истражувања за застапеноста на истополовите однесувања низ животинското царство и неговите потенцијални трошоци и придобивки. Кога станува збор за отворање нови простори за истражување, вели г-ѓа Монк, понекогаш е едноставно да се погледне онаму каде што луѓето прашуваат „зошто“ и наместо тоа да се запрашаат „зошто да не?“

„Понекогаш постои навистина ексклузивен поглед на еволутивната кондиција и може да имаме поинклузивно гледиште“, вели таа. „Варијацијата е основната линија и таа основа продолжува до ден-денес“.

Извор