Втор регионален форум посветен на имплементацијата на Истанбулската конвенција

Втор регионален форум посветен на имплементацијата на Истанбулската конвенција

Извршната директорка на Коалиција Маргини, Ирена Цветковиќ, учествува на Вториот регионален форум за промоција на Истамбулската конвенција „Интегрирани политики, инклузивни партнерства“ во земјите од Западен Балкан и Турција, кој се одржува на 9 и 10 октомври 2019 година, во Тирана, Албанија.

Регионалниот форум е собир на кој учествуваат Владата на Албанија, Советот на Европа, Европската комисија и Регионалната канцеларија на Обединети нации за родова еднаквост и зајакнување на жените (UN Women). Дводневниот настан беше во знак на препознавање на напорите на Владата на Албанија при спроведувањето на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и заштита од насилство врз жените и домашно насилство, позната како Истанбулска конвенција.