Парада на гордоста: прес конференција на Организациониот одбор

Парада на гордоста: прес конференција на Организациониот одбор

 

Во спомен на сите борци за човековите права на ЛГБТИ заедницата во минатото, со поддршка на сите маргинализирани групи и борци за човековите права во оваа дестабилизирана сегашност и со идеја за општество каде сите ќе се еднакви – за идните генерации на 29-ти јуни ќе ја изодиме парадата на гордоста  -изјави Кочо Андоновски на денешната прес конференција на Организациониот одбор на првата Парада на гордоста во Скопје.

Исклучително важно уште на почетокот на било каква најава за претстојната геј парада во Скопје е да се истакне, како што изјави Славчо Димитров во интервју на Нова, дека гордоста во овој социо-политилки контекст претставува политичка позиција која се спротивставува на политиките на срам на ЛГБТ популацијата која од детство се изложена на политика на срам, (понижување, навредување).

-Гордоста тука е претставува спротивставување на логиката некој да се посочува со прст, да те засрамува за тоа кој е, кого сака, каков културен и социјален живот формира. Гордост заради тоа што излегувате во контекст во кој сте исклучувани дискриминирани, жртви на говор од омраза. Деца и млади луѓе се исклучувани од семејствата а во институциите, особено транс луѓето, се девалвирани. Во социјалната атмосфера на понижување излегуваме на улица, во општество во кое од сите страни ви велат дека сте „изопачени, болни, настрани…Овие луѓе во таков контекст решаваат да излезат надвор, да ја заземат улицата која е заеднички простор, и да бидат видливи наспроти оние кои им велат „останете во 4 ѕида“- изјави Димитров.

МВР гарантира безбедност

На прес конференцијата се обрати и портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Тони Ангеловски кој нагласи дека се преземаат сите мерки за сè да помине во најдобар ред и дека МВР ќе санкционира какви било инциденти.

-Секаков обид за инцидент ќе бие најстрого санкциониран – изјави Ангеловски.
Андоновски додаде дека е задоволен со соработката со МВР и дека гарантираат целосна безбедност на секој учесник во парадата.

 

Поддршката од извршната и законодавната власт

Антонио Михајлов од организацискиот одбор изјави дека во организацијата на Парадата на гордоста поддршката дала извршната и законодавната власт

– Имаме најава дека дел од министрите и пратениците ќе учествуваат на самиот настан, а свое обраќање ќе има министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска. Нашите пријатели и пријателки – активистите и активистките за ЛГБТИ права од Грција, Бугарија, Албанија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора исто така ќе учествуваат, а дел од нив и ќе се обратат на насобраните присутни во Градски парк. Скопје Прајд е сигурен и безбеден настан за сите, па ги повикувам ЛГБТИ луѓето, поддржувачите, и сите граѓани и граѓанки кои се залагаат за еднаквост и инклузивност, да ни се придружат – изјави тој.

За програмата зборуваше Јована Јовановска  која најави дека учесниците на парада ќе се соберат во сабора во 11 часот во паркот Жена борец во 11 часот, а маршот ќе започне точно на пладне.

-На самиот настан учесниците ќе добијат алка од Скопје Прајд, со која секој ќе може слободно да се движи во и надвор од определениот простор. На крајната точка, Школка во Градски парк, низ програмата ќе не водат дрег кралиците Линда Социјалиста и Каја Мор. Покрај предвидените обраќања, ќе има и музичка програма во која ќе учествуваат Тамара Тодевска, Принцез Донатсу и диџеите Ивана Драгшиќ, Зоки Бејбе, Ири Скреч, Ана Мало и Узун Баб – изјави таа.

Се гледаме на Парада ?

Лени Фрчкоска за Либертас
фото: Либертас