Препорака за сериски филм: “Мојата генијална пријателка”: следбениците на култот на Феранте нема да бидат разочарани

Препорака за сериски филм: “Мојата генијална пријателка”: следбениците на култот на Феранте нема да бидат разочарани

На HBO се прикажува серијата „Мојата генијална пријателка“, снимена според истоимениот роман на една од најпознатите и најчитаните писателки на денешницата – Elena Ferrante.

Режијата му e доверена на Saverio Costanzo, италијански режисер кој самата Ferrante го одбрала, внимателно одбран кастинг, наполитански дијалект, беспрекорна драматургија, автентични локации. Старото предградие на Неапол, мирисот на сиромаштијата и атмосферата на бучен јужњачки живот на улица, исто така, се одлично погодени.

HBO ја создаде серијата во копродукција со италијанската RAI Fiction. Очигледно е дека правилата на игра за режија и реализација на оваа адаптација биле многу јасни: ни во лудило да не се оотстапи од наративот на популарниот роман. Ниту на HBO, ниту на RAI не им одело во прилог да се соочат со незадоволството на авторката на “Наполитанската тетралогија” и на најверните членови на култот на Ferrante.

Некои се сомневаат во одлуката на продукцијата режијата да му се довери на маж. Кога продукцијата на серијата објави дека за оваа задача е одбран 43-годишниот Римјанин Saverio Costanzo, познат по режија на филмовите Hungry Hearts и Осаменоста на основните броеви (според романот на Paola Giordana), очигледно специјалист за книжевни адаптации , се постави прашањето зошто за задачата за отелотворување на пријателството помеѓу две жени не е одбрана режисерка. Но, набрзо се дозна дека самата Ferrante го одбрала Костанцо, кому понудата за екранизација му ја пренела нејзината издавачка куќа.

Не е тајна дека Elena Ferrante била вклучена во целиот процес на снимање на серијата. Кога во еден момент продуцентите и’ испратиле краток трејлер набрзо добиле драматични упатства кои Ferrante ги испратила преку својот издавач, а во кои се барало да испратат фотографии од куклата со која Лену и Лила си играат на улицата, над прозорецот на мрачниот подрум. Ferrante се плашела за „оригиналноста“ на куклата, но веднаш по испраќањето на фотографиите, писателката го одобрила трејлерот.

Со цел да се најдат девојчињата кои ќе ги глумат Лила и Лену како девојчиња и тинејџерки, Во Јужна Италија поминале девет илјади деца низ аудиции. Исто така, се барале и деца кои можат да зборуваат на специфичен наполитански дијалект, како од романот “L’amica geniale”. Четирите глумици кои ги одбрале немаат професионално актерско искуство, но може да се заклучи дека екипата е извонредна: Ludovica Nasti која ја глуми младата Лила, и Elisa del Genio која ја глуми Лену. Подеднакво успешни се и Gaia Girace и Margherita Mazzucco, кои ги толкуваат Лила и Лену во малку повозрасни години.

Извор