#АкадемскиБисери – Кон образование без дискриминација

Коалицијата Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници на 7 декември (четврток) со почеток од 11 часот во Салата за седници (стара сала за ННС) на Правниот факултет, ќе организира конференција со наслов „Кон образование без дискриминација: Заложби за надминување на дискриминацијата во учебниците за високо образование“.

На конференцијата ќе говорат проф. Љубомир Данаилов Фрчкоски, проф. Николина Кениг, проф. Беким Кадриу, Драгана Дрндаревска (Коалиција СЗПМЗ) и проф. Румена Бужаровска (модераторка).

Коалицијата од 2009 година активно се занимава со овој проблем. Досега имаме спроведено две истражувања на содржината на учебниците во однос на начинот на кој се претставени ЛГБТИ луѓето, луѓето кои употребуваат дроги, ХИВ, сексуалната ориентација, родот и родовиот идентитет. Застапувањето за промена и повлекување на дискриминаторските содржини исто така датира од 2009 година и вклучува испраќање на барања за ревизија на содржините до универзитетите и авторите, покренување на постапки пред Народниот правобранител и Комисијата за заштита од дискриминација, редовно известување за овој проблем пред Европската Комисија, телата на Организацијата на Обединетите нации и останати меѓународни и регионални тела за човекови права. Досега сме успеале да ја постигнеме финалната цел- повлекување на дискриминаторските содржини само во три случаи односно шест учебници од високо образование, додека за содржините во учебниците од основно и средно образование Министерството за образование и наука повлече од употреба еден учебник, а за останатите најави ревизија.

Народниот правобранител во своите препораки кон универзитетите УКИМ и УКЛО наведе внесување на анти-дискриминаторска клаузула во правилниците за издавачка дејност, но предложените промени во правилникот не ја вклучуваат дискриминацијата врз основа на сексуална ориентација, родов идентитет и здравствен статус за кои се однесуваат и најголем дел од претставките. Дополнително УКЛО иако се обврза да ја внесе одредбата во правилникот, јасно ни посочи дека врз основа на правилникот нема намера да ги повлече дискриминаторските содржини, односно дека истата нема намера да ја спроведе во пракса. УКИМ сеуште го нема променето правилникот и не е јасно дали врз основа на него ќе ги повлече учебниците и учебните помагала кои содржат дискриминција и говор на омраза. Народниот правобранител и Комисијата за заштита од дискриминација иако за некои учебници имаат утврдено дскриминација, истите не ја следат нити сопствената пракса, па за учебници со слична содржина дури и повознемрувачка, не утврдуваат повреда. Досега имаме пратено околу 14 пртестваки до Народниот правобранител, Комисијата за заштита од дискриминација и Државниот просветен инспекторат, но резулатите од истите се со ограничено влијание и мнгу ретко завршуваат со де факто повлекување на спорните учебници. Ректоратите на УКИМ и на УКЛО се исто така несоработливи и досега не одговориле на бројните барања за средби, барања за ревизија на учебници и слични обиди за соработка.

Проблемите со дискриминацијата во учебниците и учебните помагала се утврдени и од страна на Европската комисија, Петтиот периодичен извештај на Европската комисија против расизам и нетореланција, Универзалниот периодичен предлед на Комиетот за човекови права на ООН и Комитетот за економки, социјални и културни права на ООН, кои посочуваат на овој проблем и бараат негово решавање.

Со цел изнаоѓање на заеднички решенија на овој проблем со академската заедница на 7 декември ќе организираме конференција, на која ќе дисутираме за следните чекори и можностите за поактивно вклучување на универзитетските професори, но и студентите во заложбите за повлекување на учебниците, но и ревизија на застарените и нерелевантните содржини кои го повредуваат правото на образование и предизвикуваат вознемирвање и дискриминација на цели групи граѓани и студенти. Крајната цел е универзтетските професори и студентите да станат проактивни чинители, јавно да се заложат за повлекување на содржините и унапредување на квалитетот на високото образование преку доставување заеднички барања и писма со ректоратите, иницирање на вметнување на анти-дискриминаторски политики и одредби во издавачката дејност на факултетите и нивна соодветна примена.

Линк до FB настан

Во продолжение погледнете ги нашите ТОП 13 „славни“ цитати од учебници за високо образование. Кој е вашиот омилен цитат? Споделете го со хаштаг #АкадемскиБисери


 

#13


 

#12


 

#11


 

#10


 

#9


 

#8


 

#7


 

#6


 

#5

 


 

#4


 

#3


 

#2


 

#1

 

Може ќе ве интересира



Основачи

  • http://www.hops.org.mk/
  • http://www.hera.org.mk/
  • http://www.egal.org.mk/
  • http://starsexwork.org/?lang=en
  • http://www.izborsr.com/

Донатори

  • Фондација отворено општество
  • Фондација отворено општество
  • Фондација отворено општество - Македонија
  • Sexual Health and Rights & Public Health Program

Тримесечник


Доколку сакате да го добивате нашиот тримесечник, внесете ја вашата адреса тука

Top