Баптистичката црква Вестборо повторно мета на Анонимус

Баптистичката црква Вестборо повторно мета на Анонимус

Хакерскиот колектив Анонимус ја продолжува својата битка со Баптистичката црква Вестборо, домот на „Бог ги мрази педерите“ кампањата и тврди дека поставила геј порно слики на позадината на компјутерот на нивната портпаролка.

 

Анонимус тврдат дека успешно ја пополниле и посмртницата на Ширли Феплс Ропер, позната претставничка на црквата со што ќе ја спречат да го користи својот број за социјална сигурност, пренесе Форбс.

 

Изминатата недела хакерите извршија напад врз вебсајтот на црквата и почнаа да објавуваат лични информации на нивните главни организатори откако црквата соопшти дека ќе одржи протести на погребите на децата кои беа убиени во основното училиште Сенди Хук во Њутон, Конетикат.

 

Хактивистичката група на 18-ти декември објави видео со кое ги најавија своите планови за напад на црквата и дека немаат намера разумно да дискутираат со нив.

 

Во видеото тие ја предупредија црквата дека наскоро ќе пропадне и дека тие ќе бидат заслужни за тоа:

 

„Вашата пропаст доаѓа. Бидејќи вашата еднодимезионална мисла не се конформира кон било која современа логика, ние нема да дебатираме, расправаме или како било да се обидуваме да ве убедиме “. Во алтернативата предложена од Анонимус се вели дека тие „прогресивно ќе ја растурат црквата“.