3-ти март, меѓународниот ден за правата на сексуалните работници.

3-ти март, меѓународниот ден за правата на сексуалните работници.

Кои права ги има сексуалниот работник ? Еден човек кој одлучил да го продаде своето тело за пари ? Но сексуалниот работник е прво човек, па сексуален работник. Оттука, има еднакви човекови права како сите нас.

 

Согласувајќи се на УНГАСС Декларацијата на обврски за ХИВ / СИДА, владите се обврзаа да обезбедат човекови права за сите, вклучуваајќи ги и сексуалните работници.

 

Сексуалните работници припаѓаат на социјално маргинализираните групи, соочувајќи се со силна стигма и дискриминација. Тие често се поврзуваат со криминални акти и се соочуваат со принудни мерки од државата, како што се произволни апсења, притвор или малтретирање. Несфатени и отфрлени од институциите и општеството, бастионот на љубовта е претворен во гето, не затоа што они така сакаат, затоа што поинаку неможат.

 

3-ти март, денот на правата на сексуалните работници, треба да биде мотив за размислување на сите нас. Светот е во стремеж за исполнување на Милениумските развојни цели, ветувајќи промовирање на родова еднаквост и зајакнување на жените и човекови права за сите, како ефективни начини за борба против сиромаштија, глад и болести.Сите цели меѓусебно се поткрепуваат, но дали овие цели навистина можат да се постигнат, со исклучување на сексуалните работници?

 

Граѓанската иницијатива за промоција и заштита на правата на сексуалните работници СТАР-СТАР со конкретни активности, оваа година за прв се приклучува кон глобалното одбележување на денот на правата на сексуалните работници, стремејќи се да ја истакнат важноста и потребата за унапредување на нивните права. Со еднакви и достоинствени права за сите, само така светот би бил убаво место за живеење!