Што значи победата на Сириза за грчката ЛГБТ заедница?

Што значи победата на Сириза за грчката ЛГБТ заедница?

Победата на радикалната левичарска партија Сириза предводена од Алексис Ципрас на изборите во Грција и не претставува некое особено изненадување доколку се знае дека поголемиот дел од анкетите упатуваа на таков резлутат. Единствено отворено прашање беше дали Сириза ќе освои апсолутно мнозинство во парламентот. Сириза освои 149 пратенички мандати од можни 300, а власта ќе ја осигура преку коалицијата со десничарската партија Независни грци чиј лидер е Панос Каменос.

 

Поголемиот број на коментатори денеска го поставуваа прашањето што ќе значи доаѓањето на релативно младиот Ципрас (40)за отплатата на долговите, за односот со меѓународните кредитори, Европската Комисија и ММФ. Победата исто така со себе повлекува и проекција за евентуалното засилување на радикланите левичарски партии во Европа, како, на пример, Подемос во Шпанија.

 

Еден ден по „историските избори“ во Грција, битно е да се потсети дека Сириза беше единствената политичка групација која во својата кампања ги споменуваше ЛГБТ темите. Грција спаѓа во земјите на ЕУ кои се движат на патот на воведување на законски мерки за ЛГБТ луѓето. На почетокот Сириза тврдеше дека се залага за рамноправност на истополвите парови, редовно учествуваше на Парадите на гордоста во Атина и изразуваше подршка за здруженијата на трансродовите луѓе. Но, изгледа дека реформите во овој домен ќе одат поспоро отколку тоа беше најавувано затоа што Сириза го ублажи својот прогресивен дискурс за ЛГБТ малцинствата.

 

Не треба да се отстапи од правата на истополовите парави заради поголем број на гласови

 

За почеток, Ципрас најави дека институтот за животни партнерства ќе ги вклучи и истополовите парови (нешто што претходната влада на Нова Демократија пропушти да го стори). Европскиот суд за човекови права ја осуди Грција во 2013 затоа што законски не и вклучи и лицата со нехетеросексуална ориентација. Иако на нивото на Европа таа нема обрска да усвои правно признавање на статусот на ЛГБТ луѓето, одлуката за нивното исклучување од законот судот ја сметаше за неоснована.

 

Но, Ципрас, наспроти декларираната желба за рамноправност, последните месеци помалку ги смени своите ставови. Така тој порача дека прашањето за посвојување деца од страна на истополовите парови бара „понатамошен дијалог“, дека ни науката нема усогласен став за тоа прашање и дека посвојувањето нема да го вклучи во својата програма. ЛГБТ активистот Грегориј Валијанатос изјави дека почетниот ентузијазам за победата на Сириза е ублажен, откога пред изворите тие го променија својот став за правото на посвојување и правниот статус на трансродовите луѓе.

 

Федерацијата на младите европски зелени исто така изрази незадоволство и порача дека не треба да се отстапи од подршката на правата на истополовите парови само за да се добијат повеќе гласови. „Нашите очекувања се високи за промените во Грција, а тие се однесуваат и на градење на општество кое се основа на еднаквост“ – се вели во нивната порака.

 

 

Извор: Crol