Драги медиуми: Вака изгледаат луѓето кои употребуваат марихуана

Драги медиуми: Вака изгледаат луѓето кои употребуваат марихуана

Од Вашингтон па сè до Давос, светските политички и бинис лидери сериозно дебатираат за ставање крај на прохибицијата на марихуаната. Неодамнешните анкети покажуваат дека поголемиот број на Американци се за легализација на мархиуаната – не само во сојузните држави во кои тоа би било очекувано, туку и во Мизури, Индијана, Тексас, Флорида и Лиузијана. Во Вашингтон, Колорадо и Уругвај, марихуаната е сега легално регулирана, а исто така во дваесет сојузни држави и Дисктриктот Колумбија постојат закони за медицинска марихуана уште од 1996.

 

Изгледа како марихуаната конечно да е влезена во мејнстримот на американската политика. Меѓутоа, некој заборавил тоа да им го каже на голем број на медиуми кои продолжуваат да ја рециклираат истата „Чич и Чонг“ слика која уште многу одамна требаше да престане да се употребува. После сè, половина од возрасното американско население има пробано марихуана и тие сите не може да се сведат на стереотипот „џанак“.

 

Коментари за прекумерната употреба на „џанак“ стереотипите неодамна се појавија на Блумберг ТВ, Хафингтон Пост и Форбс. Добитникот на Пулицеровата награда, новинарот Мет Ричтел од Њу Јорк Тајмс, на својот Твитер профил го критикуваше својот весник поради за користење на стереотипна слика за сериозна сторија во врска со научните студии на влијанието на марихуаната врз способноста за управување со моторно возило. Не можам ни да избројам колку пати сум била разочарана гледајќи сериозни вести за националната дебата за политиките поврзани со марихуаната на кои имало снимки од лица кои од глава до петици носат аксесоари со листот на марихуаната и дуваат од бонг на некој фестивал.

 

Минатата година повторно бев крајно исфрустриарана кога мој текст беше објавен за новинскиот сајт на Ен Би Си Д’Грио. Текстот беше посветен на тоа како ставањето крај на прохибицијата на марихуаната ќе влијае врз Афроамериканците кои претставуваат голем дел од седумсто и педесетте илјади лица кои на годишно ниво во САД се апсат за поседување марихуана. Каква фотографија избраа уредниците за оваа сторија? Тоа беше слика од човек помеѓу облаци од чад од најголемиот џоинт што сте го виделе во животот. Побарав да искористат слика која е посоодветна за овој текст, но тоа не резултираше со успех. Искрено, толку бев засрамена од оваа фотографија што не го споделив текстот со моето семјество и пријатели како што нормално го правам тоа.

 

Зошто стереотипните слики сè уште се појавуват во медиумите, дури и денеска кога просечниот корисник на марихуана би можело да изгледа како тетка Бети или како вашата сметководителка. Една од причините може да биде недостатокот на постоечки фотографии на кои се покажуваат обични луѓе како употребуваат марихуана во секојдневен контекст. Марихуаната е сè уште нелегална во многу места и конзументите може да се плашат нивинте фотографии да бидат постирани насекаде. Затоа Алијансата на политики на дрога се заложи да им овозожи на медиумите да бидат во можност да користат фотографии од обични луѓе кои употребуваат марихуана. Овие фотографии, направени од страна на фотографката Соња Јуриал од Сан Франциско, се пример за фотографии кои медиумите треба да ги користат кога прават стории за легализација на марихуаната. На нив се ноѓаат пациенти кои употребуваат марихуана за да ги намалат болките или луѓе кои си ги губат домовите и работните позиции поради тоа што биле уапсени за поседување марихуана. Овие фотографии се слободни и бесплатни за употреба за некомерцијални цели и се надеваме дека ќе им ја олеснат работата на уредниците и преку нив содржините ќе бидат порелеватни.

 

На фотографиите кои ние ги нудиме се ноаѓаат пациенти од Калифорнија кои употребуват медицинска марихуана и кои дадоа дозвола фотографиите да бидат искористени од страна на медиумите. Имате потполна слобода да ги употребувате во вашите стории за марихуаната кое повеќе ќе се се стремат да бидат прецизни, отколку предвидливи и ефтини.

 

Шарда Секаран, е директорка за комуникации во Алијансата за политики на дроги

Преземено од Drug Policy