Повик на АИ за итна акција: Ескалација на анти-ЛГБТИ нападите во Македонија

Повик на АИ за итна акција: Ескалација на анти-ЛГБТИ нападите во Македонија

Серијата на хомофобични напади во Македонија кои се случија во јуни и јули резултираат со огромна загриженост за безбедноста на ЛГБТИ луѓето и организациите. Во јуни, за време на Неделата на гордоста во главниот град Скопје, ЛГБТИ центарот за поддршка беше нападнат од страна на триесетина луѓе, а на 5-ти јуни неиндетификувани осомничени лица се обиделе да го заплат.

 

Во изминативе неколку години лезбјеките, геј лицата, бисексуалците, трансродните лица и интерсекс лицата и нивниот имот во Македонија беа мета на постојани хомофобични напади, вклучувајќи ги оние во јуни и јули 2013-та.

 

На 22-ри јуни, за време на оддржувањето на Неделата на гордоста во Скопје, толпа од повеќе од триесет лица го нападна ЛГБТИ центарот за поддршка каде што четриесетина ЛГБТИ активисти гледаа проекција на филм. Толпата извикувала хомофобични слогани, им се заканувала на активистите во центарот и фрлала камења, шишиња и тули врз зградата. Подоцна еден од организаторите на настанот од невладината организација ЛГБТ Јунајтед Македонија добил неколку смртни закани на Фејсбук. На 25-ти јуни исто така се собрала толпа пред домот на Петар Стојковиќ, геј актер и активист, фрлајќи камења и извикувајќи хомофобични слогани и закани додека актерот и неговиот партнер се ноаѓале во куќата. На 5-ти јули се случил обид за палење на ЛГБТИ центарот за поддршка. Полицијата пронашла докази дека биле отстранувани плочки од покривот и дека бил истурен бензин во просторијата кој подоцна бил запален.

 

Последните инциденти се само неколку од бројните вербални напади во медиумите од страна на владини фунционери и невладини актери врз ЛГБТИ заедницата.Тие ја покажуваат итната потреба за законска заштита од секаква форма на дискриминација на основа на сексуална ориентација и родов идентитет. Македонскиот закон за антидискриманција не ја спречува дисриминацијата на основа на сексуална ориентација. И покрај домашните и меѓународните критики, вклучувајќи ги и телата на ЕУ и ОН, владата одбива да го промени законот. Локалните НВО-а започнаа да припремаат предлог-закон за злосторствата мотивирани од омраза врз ЛГБТИ популацијата. Владата би требало да ја следи нивната инцијатива и да преземе соодветни мерки за да се справи со хомофобичните и трансфобичните злостроства мотивирани од омраза.

 

Ве молиме да напишете на англиски или на сопствениот јазик:

 

Повикајте ја Минситерката за внатрешни работи да стави крај на климата на неказнивост на хомфобичните насилства признавајќи ги и јавно осудувајќи ги овие злосторства, да овозможи да бидат спроведени целосни, темелни и итни истраги на нападите кое се случија во јуни и јули и на претхофните напади врз животите и сопственоста на ЛГБТ луѓето и организациите, а оние кое се одговорни да бидат изведени пред лицето на правдата.

 

Повикајте го Премиерот и другите министри да додадат амандмани во законот за антидисриминација со кои сексуалната ориентација и родовиот идентитет ќе бидат наведени како посебни основи за дискриминација.

 

Повикајте ги сите министри без одложување и во констулатација со ЛГБТИ организациите да воведат закон со кој ќе се забранат злосторствата мотивирани од омраза, посебно оние кои се основаат на сексуална ориентација и родов идентитет, како и етничка припадност, раса, род и останати основи за дискриминацијата признаени според меѓународни стандарди.

Испратете ги вашите жалби пред 23-ти август до:

 

Минстерка за внатрешни работи

Гордана Јанкуловска

Димче Мирчев ББ

1000 Скопје, Македонија

Факс: + 389 23 112 468

И-мејл: kontakt@moi.gov.mk

 

Премиер

Никола Груевски

Булевар Илинден Бр. 2

1000 Скопје, Македонија

Факс: 389 23 115 285

 

И копии до;

Министер за правда

Блерим Беџети

Димитире Чуповски 9

1000 Скопје, Македонија

Факс: +389 23 226 975

И мејл: umatevska@mjustice.gov.mk

 

Исто така испратете писма до дипломатските преставништва во вашата земја.

 

Извор: http://www.amnesty.org/en/library/asset/EUR56/001/2013/en/7da6072f-a44d-44cb-86a1-7fa33dbf8a61/eur560012013en.html