Еднаков пристап до правда за сите: како ќе знаеме кога ќе стигнеме таму?

Еднаков пристап до правда за сите: како ќе знаеме кога ќе стигнеме таму?

Автори: ПИТЕР ЧЕПМАН и СУМАИЈА ИСЛАМ

објавено на 9 април 2018 година

* ЦОР – Цели за одржлив развој

* IAEG – Меѓуагенциската и експертската група

Членовите на Меѓуагенциската и експертската група (IAEG), одговорни за индикаторите за целите на одржлив развој, имаат можност да ја препознаат улогата што ја има пристапот до граѓански права во обезбедувањето на одржлив развој. IAEG ја продолжи дискусијата за индикаторите за ЦОР во април во Виена, Австрија, а групата треба да даде приоритет за пристапот до правда.

Целите за одржлив развој артикулираат позитивна, сеопфатна визија напредок – за крај на сиромаштијата, за заштита на планетата и обезбедување на просперитет за сите. Но, што се случува кога овие амбиции се практично недостапни или дистрибуцијата на ресурси е неправедна? Каде еден граѓанин може да бара информации за своите права, да се спротивстави на дискриминација или да реши спор по правен пат? Како е возможно најранливите меѓу нас да следат сложени и скапи системи за да обезбедат ефективни резултати? Цел 16.3 препознава дека пристапот до правда ги надминува пошироките приоритети на ЦОР. Иако честопати мислиме дека правдата е нешто што се случува во судниците, за многу луѓе од целиот свет, потребите за правда се присутни во секојдневниот живот. Проблемите со граѓанското право правда се најчести – и честопати најсуштински – правни проблеми со кои се соочуваат луѓето и заедниците кои живеат на или во близина на маргините на нашите општества. Правните проблеми вклучуваат прашања како семејство кое се соочува со присилно иселување, жена која бара алиментација за детето од отсутен брачен другар, или здравствен центар кој одбива да му даде соодветни здравствени услуги на маж од Ромската заедница соодветни поради дискриминаторски верувања. Ова се развојни проблеми кои имаат значајни и непропорционални влијанија врз сиромашните.

За да се унапреди трансформативната агенда, IAEG мора да го интегрира пристапот до мерките за граѓанско право во рамката за индикатори на ЦОР. IAEG претходно избра две мерки за кривично право за пристап до правда и владеење на правото: стапки на известување за виктимизација и стапки на притвор пред судење. Овие индикатори, иако се важни, не успеваат да ги опфатат многуте начини на кои пристапот до граѓанските права е во сооднос со одржливиот развој. Следниот состанок на IAEG ќе го разгледа работниот план за развој на дополнителни глобални индикатори. IAEG треба да ги изгради своите дискурси за пристапот до граѓанските права и да започне инклузивен, партиципативен процес за инкорпорирање на пристапот до индикаторите за граѓанскo правo. Во 2015 година претставници на граѓански организации, државните и мултилатералните организации на IAEG – вклучувајќи ги Египет, Франција, Германија, САД, неколку агенции на Обединетите Нации и Светската банка – се залагаа за вклучување на пристапот до граѓанско право како конкретен индикатор. За жал, IAEG се одлучи да даде приоритет исклучиво на кривичното право, договорајќи се за подоцнежна дискусија за граѓанско право. Препознавајќи ги ограничувањата на овој пристап, во 2017 година IAEG го одобри “пристапот до граѓанскo правo” како приоритетна тема за дополнителен глобален индикатор. IAEG треба да ја гради оваа динамика и да го вклучи пристапот до граѓанскo правo во планот за работа за дополнителни индикатори.

Истражувањата за правни потреби сѐ повеќе претставуваат востановена методологија која се обидува да ги идентификува заедничките и влијателни проблеми, каде што луѓето се обраќаат за помош, како тие бараат решение и какви влијанија имаат превните проблемите. Во последниве години се забележува пораст во земјите и организациите на граѓанското општество кои ги користат методологиите за правни потреби за унапредување на планирањето на развојот и испораката на услуги. Тековните развојни случувања вклучуваат:

• Десетици влади инвестираа во самостојни анкети на владата фокусирани на пристапот до право, на пример, истражувањето 2017 Justice Gap survey in the United States  или пак заложбата планирана од јужнокорејското судство.

• Агенциите за статистика експериментираат со вклучување на методологии за правни потреби во тековните истражувања на државите, на пример, од Агенцијата за статистика на Колумбија и Одделот за национално планирање, Индонезиската агенција за статистика (BPS), Националното биро за статистика на Кенија и Статистиката Јужна Африка.

• Филантропските фондации и организациите за развој продолжуваат да ги финансираат националните истражувања, вклучително и во Монголија, Украина, Непал и Сиера Леоне во 2017 година, како и анкети за специфични популации во Молдавија и Македонија.

• Компаративното користење на анкетата брзо се шири низ земјите. Проектот – Правда во светот годинава ги објави резултатите од истражувањето на модулите за правни потреби од 45 земји во Глобалниот увид за пристапот до правдата. До крајот на 2018 година, податоците добиени преку овој проект ќе опфатат повеќе од 100 земји. Хашкиот институт за иновации на правото ја искористи својата Алатка за истражување на правните потреби и задоволство во повеќе од десетина земји, вклучувајќи ги и неодамна во Бангладеш, Кенија и сириските бегалски заедници во Јордан.

• Во 2018 година, Организацијата за економска соработка и развој (OECD), Правната иницијатива на Отворено општество и советодавниот тек на експерти ќе финализираат и ќе започнат глобални методолошки насоки за анкети за правни потреби и пристап до правда.

Овие истражувачки иницијативи покажуваат важни влијанија врз развојот и политиката. IAEG треба да научи од овие искуства во идентификувањето на пристапот до индикаторот за граѓанско право. Во овој “policy brief” за Правната иницијатива на Отворено општество, опишуваме како методологиите за правни потреби им помагаат на земјите за поефикасни правни решенија и развојни проблеми. Тие им овозможуваат на креаторите на политики да ја обликуваат ефективната рамка за правна помош и право, преку идентификување на заеднички правни проблеми, влијанија, стратегии за решавање и потенцијални решенија. Поврзувањето на методологиите за правни потреби со тековните напори за истражување на владите, го зајакнува планирањето на националниот развој и испораката на јавните услуги.Проблемите со граѓанските права се чести и можат да бидат најштетни за луѓето кои живеат на или во близина на маргините на нашите општества. Нивното одбивање од страна на институциите и игнорирањето на нивните неправди не е опција; пристапот до граѓанските права е јавно добро. IAEG треба да ја искористи можноста од дополнителни индикатори и да ја унапреди трансформативната агенда за граѓанско право за тоа никој не биде изоставен назад.